Македонија во третиот квартал годинава забележа раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 3,3%. Тоа е трет БДП во Европа по Романија, која има раст од 4,1% и Латвија со 3,9%. Македонската економија регистрираше позитивен раст и во првиот квартал годинава, кој достигна 2,9%, а во вториот квартал тој беше 3,9 проценти. Според анализите на Државниот завод за статистика на Македонија порастот е забележан во повеќе сектори, но најголем е во градежништвото, каде што достигна 30,5%. Во периодот јули - август растеше со 5,8% и сообраќајот, складирање и врски, како и трговијата на големо и мало, додека поправката на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата порасна за 2,8%.
Македонија во третиот квартал годинава забележа раст на бруто-домашниот производ (БДП) од 3,3%. Тоа е трет БДП во Европа по Романија, која има раст од 4,1% и Латвија со 3,9%. Македонската економија регистрираше позитивен раст и во првиот квартал годинава, кој достигна 2,9%, а во вториот квартал тој беше 3,9 проценти.
Според анализите на Државниот завод за статистика на Македонија порастот е забележан во повеќе сектори, но најголем е во градежништвото, каде што достигна 30,5%. Во периодот јули - август растеше со 5,8% и сообраќајот, складирање и врски, како и трговијата на големо и мало, додека поправката на моторни возила, мотоцикли и предмети за лична употреба и за домаќинствата порасна за 2,8%.
Според Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски, градежништвото во последните две години е најголемиот двигател на економскиот раст на РМ.
- Само годинава реконструирани се и изградени околу 100 локални патишта во должина од 114 километри, а во фаза на завршување се и осум регионални патни правци. Во фаза на градба е и автопатот Демир Капија - Смоквица, се реализираат и градбите од проектот Скопје 2014. Сето тоа придонесе за развој на градежништвото - смета Јанакиески.
Тој потсети дека само во општина Аеродром се градат петнаесетина згради, а на територијата на Македонија се продадени огромен број локации за градба.
- Во 2014 година очекувам уште повисок раст на градежништво, бидејќи ќе започне изградбата на два нови автопатишта, ќе продолжи изградбата на автопатот Демир Капија - Смоквица, повеќе од сигурно е дека ќе започне изградбата на пругата кон Бугарија и изградбата на главните магистрални гасоводни мрежи. Сето тоа кажува дека градежништвото ќе биде двигател на економијата и во 2014 година - потенцира Јанакиески.
Годинава Владата проектира раст на македонската економија од околу 2,2 отсто, но очекувањата се дека тој ќе биде поголем и ќе заврши со 2,5 проценти. Позитивните резултати ги променија прогнозите за Македонија и кај меѓународните финансиски институции.
По Македонија со раст на БДП од 2,3% е Латвија, потоа Норвешка и Швајцарија со 1,9%, а Словачка и Бугарија имаат раст од 0,7%. Германија, со која земјава има најголема трговска размена, е дванаесетта со раст од само 0,6 проценти.
Со негативен раст се сите останати од регионот, како Хрватска, каде што статистиката регистрирала негатива од 0,6%, Грција -3 и Кипар е со минус 5,7 проценти. Со негативен раст на стапката на БДП е и Словенија со -1,3%, Чешка со -1,6 % и Португалија со -1%, како и Словенија со -1,3 %.